Top Sport

Кјелини и Јувентус ќе му оддадат почит на Астори

Капитенот на Јувентус, Џорџо Кјелини ќе постави цвеќина пред клупата на Фиорентина пред саботниот меч во чест на починатиот капитен на тимот, Давиде Астори.

Астори почина во хотелска соба во март, една вечер пред мечот со Удинезе. Тој беше италијански репрезентативец и колега на Кјелини, Џанлуиџи Буфон и Андреа Барѕаљи.

Иако навивачите на Фиорентина се познати како големи „мразители“ на Јувентус, при пристигнувањето на делегацијата на „бјанконерите“ на погребот на Астори, добија аплауз од навивачите на пјаца „Санта кроче“.

Кјелини, кој доаѓа од Тоскана и играше за Фиорентина во 2004/05, во име на целиот тим ќе постави цвеќиња пред клупата на Виола на „Артемио Франки“, каде што пред загревањето ќе има посебна церемонија за Астори.

Фиорентина се прости од Давиде Астори (Видео)

Scroll to Top