Top Sport

Олимпијакос го „разби“ Будуќност, Фенер убедлив во Каталонија

Олимпијакос ги врати Будуќност во реалноста, откако по двете победи во последните три меча на црногорскиот клуб во Евролигата, беа декласирани со 92:70 во Пиреја.

Будуќност успеа да се „носи“ со посилниот противник само една четвртина, по што Олимпијакос направи разлика од над 20 поени, за рутински да го доведе мечот до финишот. Зек Ледај имаше 28 поени и 8 скока за Олимпијакос, Спанулис додаде 17, додека кај Будуќност најдобар бепе Ерл Кларк со 15 поени.

Химки пак, со 76:68 го победи Панатинаикос за да се врати самодовербата по лошиот старт на Евролигата, предводен од Гил со 21 поени.

Фенербахче пак, немаше мака на гостувањето во Каталонија, совладувајќи ја Барселона со високи 84:65

ЕВРОЛИГА, 10.КОЛО

Химки – Панатинаикос 76:68 (29:25, 19:19, 11:7, 17:17)

Анадолу Ефес – Басконија 96:85 (25:17, 19:25, 31:25, 21:18)

Олимпијакос – Будуќност 92:70 (25:20, 19:17, 32:14, 16:19)

Барселона – Фенербахче 65:84 (17:23, 19:22, 11:19, 18:20)

Фото: ЕПА


Scroll to Top