Top Sport

Дончиќ двапати му залепи „банана“ на Леброн, но Лејкерси гo совладаа Далас (видео)

Словенија не успеа да се квалификува на Светското првенство во Кина, а од другата страна на Атлантикот, Лука Дончиќ не престанува да го изненадува кошаркарскиот свет на НБА.

Тинејџерскиот дебитант во НБА успеа да направи нешто што ретко на кого му успеало – двапати по ред да го блокира „кралот“ Леброн Џејмс и покрај слабата партија и поразот на Далас маверикс од 114:103 во кој имаше шест поени со 2/13 учинок од поле и пет неуспешни обиди за тројка.

Леброн на крајот заврши со 28 поени, Брендон Инграм додаде 19 за Лејкерси да се вратат од двоцифрена негатива во во првото полувреме и на Маверикс да им го нанесат првиот пораз по три натпревари.

НБА РЕЗУЛТАТИ

ЛА Лејкерс – Далас 114:103

Хјустон – Сан Антонио 136:105

Мемфис – Бруклин 131:125 2ОТ

Мајами – Њу Орлеанс 106:101

Денвер – Портланд 113:112

Филаделфија – Вашингтон 123:98

Јута – Шарлот 119:111

Бостон – Кливленд 128:95

Оклахома сити – Атланта 124:109

Детроит – Чикаго 107:88

Орландо – Феникс 99:85

Scroll to Top