Top Sport

Мурињо до Погба: Ти си вирус

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, наводно го обвинил Пол Погба дека „им го убива менталитетот на соиграчите“, со своето однесување на и вон теренот, објави „Сандеј Тајмс“.

Инцидентот се случи во соблекувалната на Манчестер Јунајтед, по завршувањето на вчерашниот натпревар во Саутемптон (2:2).

Во присуство на комплетниот тим Мурињо наводно на Погба му се обратил со овие зборови.

„Ти си вирус. Не играш. Не ги почитуваш соиграчите и навивачите. На сите чесни луѓе околу себе им го убиваш менталитетот“.

Несугласувањата помеѓу менаџерот Мурињо и најскапиот играч во тимот, Погба, зачестија од почетокот на сезоната. Иако од клубот потенцираа дека проблем не постои помеѓу нив двајца, се чини дека проблемот нема решение.

Целата ситуација со внимание ја следат во Јувентус и Интер. овие тимови би сакале да го купат Погба веќе во зимскиот преоден рок.

Scroll to Top