Фудбалерите на Челси го победија Фулам со 2:0 (1:0), во првиот натпревар од неделната програма, во 14.коло во Премиер лигата. Челси ја забележа деветтата победа оваа сезона, а Фулам остана закован за последното место.
Во еден сосема просечен натпревар, фаворизираниот Челси, лесно се справи со последно пласираниот тим во лигата. „Сините“, постигнаа по еден гол во првото и второто полувреме, поточно играчите на Маурицио Сари погодија на стартот и во финишот од натпреварот.
Победата на Челси ја најави Педро, во четвртата минута, а ја потврди Лофтус-Чик во 82.минута.
Лофтус-Чик го постигна петтиот гол на последните шест натпревари за Челси во сите натпреварувања.