Top Sport

Кијеза на радарот на Јувентус

Челниците на Јувентус покажале сериозен интерес за крилниот напаѓач на Фиорентина, Федерико Кијеза. „Тутоспорт“, објави дека Јувентус тоа го покажал и на вчерашниот меч во Фиренца, каде победи 3:0.

Покрај Јувентус, интерес за Кијеза, според овој извор, покажувале Наполи и Интер. Фиорентина нема да го продаде овој 21-годишен фудбалер за сума помала од 70 милиони евра.

Доколку трансферот биде реализиран, Фиорентина ќе го собори клупскиот рекорд. За потсетување, пред 20 години, таткото на Енрико, беше најскапото засилување за „виолетовите“

Кијеза сезонава на 14 натпревар за Фиорентина има учинок од два гола и пет асистенции.

Scroll to Top