Италијанскиот селектор Роберто Манчини вели дека му е жал што гледа како Марио Балотели си го троши својот огромен талент, најавувајќи дека за него нема да има место во репрезентацијата.
Трансферот на Балотели во Ница како да ја оживеа неговата кариера и тој постигна 43 гола во две сезони, но на почетокот на оваа сезона тој се врати на тренинзите видливо здебелен, и тренерот Патрик Виера не му дава многу шанси на 28-годишниот Италијанец, чие однесување придонесе многу за многу проблеми во Интер и во Манчестер сити.
Покрај тоа, Манчини му даде шанса на Балотели во меч од Лигата на нации на УЕФА, за што доби критики бидејќи тој очигледно не беше во добра физичка форма. Селекторот сега вели дека е исфрустриран од Балотели.
„Жал ми е што Балотели го троши својот талент како што прави, но мислам дека барем може да ги забавува луѓето со постигнување голови. Надежта последна умира и се надевам дека нешто ќе се смени во неговата глава. Времето минува бргу и тој мора да ги искористи своите шанси додека може“, вели Манчини.