Интернационалната асоцијација на атлетски федерации (ИААФ) утре ќе одлучи дали по три години ќе ја крене суспензијата на Русија за допинг-прекршоци, кога на своетот на ИААФ ќе се разгледа последниот извештај за состојбата на руската атлетика.
Веќе е најавена прес-конференција за 13 часот во Монако за да се објави одлуката, но првите шпекулации велат дека таа нема да биде позитивна за Русија и дека суспензијата ќе остане.
Руската атлетска федерација (РУСАФ) беше суспендирана во ноември 2015 година по извештајот на Светската анти-допинг агенција (ВАДА) за систематското допингување во земјата. На дел од атлетичарите им беше дозволено да настапуваат под неутрално знаме, но само ако се дел од анти-допинг програма на друга земја.
Во јули, Руне Андерсен, одговорниот за инспекцијата на РУСАФ изјави дека се направил голем и значителен прогрес, но дека е тешко да се очекува дека суспензијата ќе се крене. Претходно, Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ) и ВАДА ги кренаа сите суспензии за руските спортисти.