Top Sport

Клоп ќе биде казнет за истрчувањето на теренот против Евертон (видео)

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп е обвинет за непримерно однесување од Фудбалската асоцијација (ФА), откако истрча на теренот на „Енфилд“ да го прослави драматичниот победнички гол на Дивок Ориџи во 96. минута во неделата.

Клоп истрча да прослави со голманот на Ливерпул, Алисон, и иако не беше казнет веднаш на теренот, ФА реши да поднесе дисциплинска постапка и покрај тоа што Германецот се извини по мечот, велејќи дека му се извинил и на менаџерот на Евертон, Марко Силва.

Меѓутоа, на прес-конференцијата по мечот, Силва тврдеше дека Клоп не му се извинил, иако додаде дека не го видел инцидентот.Клоп доби поддршка од ривалот од Манчестер сити, Пеп Гвардиола, но на крајот сепак, ФА реши да покрене постапка.

https://topsport.mk/fudbal/zaboraveniot-origi-go-reshi-derbito-na-liverpul-video/
Scroll to Top