Top Sport

Србите ја победија Грција, а добија неочекувана помош и од Грузија

Србија си ги зголеми шансите за пласман на Светското првенство во кошарка во Кина следната година, откако на домашен терен со 84:61 ја победи веќе квалификуваната Грција, откако претходно доби неочекувана помош од Грузија, која во продолженија го совлада Израел и го оддалечи од третото место.

На селекцијата на Александар Ѓорѓевиќ до крајот на квалификациите го очекуваат мечеви со Естонија на гости и Израел дома, и не би требало да си дозволат кикс ако сакаат пласман на Мундобаскетот.

Претходно, Грузија стигна до импресивна победа со поените на Гиоргило Шермадини во последната секунда од продолжението со Израел во една од најдраматичните завршници во квалификацииите.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2019

ГРУПА К

Русија – Чешка 81:61 (14:16, 30:12, 21:11, 16:22)

Босна и Херцеговина – Финска 77:81 (28:11, 22:20, 13:14, 14:36)

Франција – Бугарија 77:53 (19:16, 20:13, 17:16, 21:8)

Табела: Франција 19, Чешка 17, Русија 16, Финска 15, Бугарија 14, БиХ 12

ГРУПА Л

Грузија – Израел 71:69 (9:11, 25:19, 16:19, 14:15, 7:5)

Германија – Естонија 87:70 (21:19, 20:8, 20:12, 26:31)

Србија – Грција 84:61 (29:14, 15:21, 23:13, 17:13)

Табела: Грција 19, Германија 19, Србија 16, Грузија 15, Израел 14, , Естонија 12

Scroll to Top