Top Sport

Килијан Мбапе го доби првиот „Копа трофеј“ за најдобар млад фудбалер

Килијан Мбапе фантастичната сезона во која стана вистинска суперѕвезда на клупско и на репрезентативно ниво ја круниса со освојување на првиот „Копа трофеј“ кој го доделува „Франс фудбал“ за најдобриот фудбалер под 21 година.

„Копа трофејот“ го носи името на поранешниот француски фудбалер Рајмон Копа, и што е уште поголема чест за Мбапе изборот го прават поранешните освојувачи на „Златната топка“.

Мбапе стана вистинска ѕвезда за Пари Сен-Жермен минатата сезона, а глобална мега-ѕвезда на Светското првенство во Русија, каде што беше најмладиот стрелец во едно финале рушејќи го рекордот на легендарниот Пеле.

Scroll to Top