Легендарниот тенисер Борис Бекер ги отфрли наводите дека поседува дипломатски имунитет, кој го штител од банкрот. Поранешниот број 1 во светскиот тенис, наводно поседувал дипломатски пасош на Централноафриканската Република, поради што против него не можеле да се водат правни постапки.
Сепак, на сослушувањето во понеделникот, Германецот, признал дека не успеал да се избори за дипломатски имунитет.
Ова значи дека наскоро ќе се одржи планираната аукција на неговите трофеи, спортската опрема и признанијата вредни 200.000 фунти.На аукцијата ќе се најде и сертификатот за освоен златен олимписки медал, во игра на двојки во 1992 година.
Бекер прогласи банкрот во јуни 2017 година, поради големиот долг што го имал кон британската банка „Арбутнот Латам“.
Борис Бекер е најмладиот шампион во историјата на Вимблдон. Неофицијалното светско првенство тој го освои во 1985 година, на 17-годишна возраст. Во кариерата освоил 64 АТП-трофеи.