Италијанските медиуми, во вторникот, објавија дека Манчестер сити не е единствениот клуб кој се соочува со сериозни санкции од страна на УЕФА.
Наводно нешто слично му се заканува и на Милан. Продов овој клуб УЕФА води истрага поради кршењето на правилата од финансискиот фер-плеј, во перидот од 2014 до 2017 година.
Разликата помеѓу санкциите со кои се соочуваат Милан и Манчестер сити е таа што англискиот клуб се соочува со елиминација од Лигата на шампионите, додека Милан е соочен со голема парична казна и забрана за трансфери во неколку наредни преодни рокови.
Доколку истрагата покаже дека Милан во споменатиот период работеле спротивно на правилата, тогаш УЕФА сигурно ќе го казни овој клуб.
Милан игра солидно оваа сезона, а во саботата успеа да стигне до четвртото место на табелата во Серија А.