Top Sport

Фудбалерите на Ривер утре ќе пристигнат во Мадрид

Првично одбија да играат во Мадрид, но во меѓувреме ви Ривер Плата се премислиле и се согласиле реваншот во Копа Либертадорес да го одиграат во Мадрид, на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.

Во прилог на ова доаѓа и потврдата од клубот дека фудбалерите во среда ќе пристигнат во Мадрид.

Ривер Плата требаше да бидат домаќини во реваншот на 24.ноември, на својот стадион „Монументал“. Меѓутоа во близина на стадионот хулиганите на Ривер со камења го нападнаа клупскиот автобус на Бока Јуниорс.

Потоа, Бока Јуниорс, одбија да играат во некој друг термин на „Монументал“ и побараа натпреварот да биде регистриран со службен резултат 3:0 и да им биде врачен трофејот.

Поради инцидентите, Јужноамериканската фудбалска федерација (КОНМЕБОЛ), го суспендира стадионот „Монументал“ на два натпревари и го казни Ривер со 400.000 долари.

Исто така од КОНМЕБОЛ решија реваншот да биде одигран во Мадрид на 9.декември. Шпанската престолнина е избрана да биде домаќин на овој натпревари бидејќи во него има голема аргентинска заедница (околу 70.000 Аргентнци живеат во Мадрид и околината).

Билетите за натпреварот се пуштени во продажба вчера, а Ривер Плата, потврдиле дека веќе го продале својот контигент од 20.000 билети. Се очекува истото да го потврдат и од Бока Јуниорс.

Боради безбеднсните мерки што ќе бидат преземени, во продажба нема да бидат пуштени 80.000 влезници колку што е капацитетот на „Сантијаго Бернабеу“. Целта на организаторите е да има голем празен простор помеѓу двете навивачки групи.

Scroll to Top