Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез им пратил покана и на Кристијано Роналдо и на Лионел Меси да присуствуваат на реваншот во Кип Либертадорес меѓу Бока Јуниорс и Ривер Плата.
Во недела во 20:30 часот на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ ќе се одвива одлучувачката битка за титулата шампион на Јужна Америка.
Перез како домаќин го повикал довчерашниот фудбалер на Реал, Роналдо кој сега е дел од Јувентус и најголемата ѕвезда на Барселона, Меси да седат еден покрај друг во ложата на стадионот.
Засега не е познато дали двајцата фудбалери одговориле на поканата.