Актуелниот шампион во Мото ГП, Шпанецот Марк Маркез имаше успешна операција на левото рамо во вторникот, откако уште во октомври призна дека ќе мора да оди под нож на крајот на сезоната откако го измести рамото неколку пати во 2018 година, вклучувајќи го и Јапонското ГП откако ја освои титулата.
Операцијата е извршена во „Деуксес“ болницата во Барселона од лекарски тим предводен од официјалниот Мото ГП доктор, Ксавиер Мир. Маркез ќе остане во болница два дена и ќе му бидат потребни шест недели рехабилитација пред да може да почне со тестирање во февруари.
И новиот колега на Маркез за 2019 година, Хорхе Лоренцо исто така се опоравува од операција на десеното стапало кое го повреди на Арагон ГП трката во септември. Досегашниот возач на Дукати се оперираше во понденикот во клиниката „Куирон“ во Барселона, и би требало да биде во топ форма многу побргу од својот шпански сонародник, околу една-две недели.