Top Sport

Легендата на Баерн оди во пензија по 10 години во Минхен (видео)

Легендарниот фудбалер на минхенски Баерн, Холанѓанецот Арјен Робен (34) најверојатно ќе ја заврши фудбалската кариера на крајот на оваа сезона.

Фудбалерот, кој на почетокот на сезоната отвори можност ова да е последната негова натпреварувачка етапа во животот, често се мачи со повредите, па затоа не е чудо во јуни да ги закачи копачките на клин.

Робен во Баерн е од 2009 година каде дојде од мадридски Реал.

Во неговата богата кариера со ПСВ Ајндховен освои Куп на Холандија и Куп „Јохан Кројф“, со Челси двапати триумфираше во Премиер лигата, ФА купот, два Лига купа и Комјунити шилд.

Додека го носеше дресот на Реал Мадрид освои два трофеја, еден првенствен и еден куп на Шпанија.

Со Баерн Минхен, Робен освои седум титули првак на Германија, 4 Купа и пет Супер купови, а зад своето име ќе остане трајно запишано и еден трофеј првак во Лигата на шампионите и еден УЕФА Суперкуп.

За репрезентацијата на Холандија одигра многу мечеви, а ќе остане запаметен као дел од генерацијата која на земјата и донесе сребрен медал од Мундијалот во 2010 година и бронза од СП во 2014 година.

Scroll to Top