Ракометното дерби во Лигата на шампионите што минатата сабота го одиграа Вардар и Кјелце, во Скопје, ќе има и свое трето полувреме. Вардар победи 28:27, а од Кјелце покрај поразот не се задоволни ниту од провокациите што биле упатени кон нивниот тренер Талант Дуешбаев.
Тренерот на Кјелце е навреден од транспарентот што се појави на трибините, а во кој некои навивачи го нарекоа п…р. Поради транспарентот „Талант петух“, што во превод значи „Талант п…р“, Кјелце го пријави Вардар до ЕХФ.
Последните информации говорат дека Дисциплинската комисија на ЕХФ веќе ја започнала истрагата по пријавата од Кјелце.