Top Sport

Илјадници навивачи ја испратија Бока Јуниорс во Мадрид (Фото+Видео)

Фудбалерите на Бока Јуниорс отпатуваа за Мадрид, кде в недела, ќе го одиграа финалниот реванш во Копа Либертадорес, против најголемиот ривал, Ривер Плата.

На патот до аеродромот, делегацијата на Бока Јуниорс ја испратиле илјадници навивачи, на начин карактеристичен за Јужна Америка, со огномет и забава на улиците на Буенос Аирес.

foto: epa
foto: epa

Натпреварот помеѓу Ривер Плата и Бока Јуниорс ќе се одигра на стадионот на Реал, во Мадрид, в недела со почеток во 21 часот.

Во понеделникот, за само неколку часа, биле распродадени 20.000 билети што ги добиле Ривер Плата, а се очекува и Бока да го продадат својот контингент на влезници, што се продаваат во Мадрид.

foto: epa

Двата тима, во продажба пуштиле и околу 5.000 влезници во Буенос Аирес. Влезниците се со цена од 85 евра, што е една четвртина од просечната плата во Аргентина.

Scroll to Top