ППД Загреб, синоќа, забележа победа против Нексе (20:17).Овој натпревар, како што претходно најави клубот, беше последен за Лино Черва на клупата на најтрофејниот хрватски ракометен клуб.
Наводно, Червар, целосно ќе и се посвети на репрезентацијата, која во јануари ја очекува настап на Светското првенство во Данска и Германија, а на неговото место ќе застане Тончи валчиќ.
„Сакам клубот јавно да каже зошто повеќе не сум тренер на ППД Загреб. Сакам јасно и гласно да ми го објаснат тоа, јас ќе го чекам нивниот одговор. Во последните десет години стално ми се подметнуваат некакви работи и би сакал да слушнам зошто е тоа така. Клубовите ми ги подметнуваат работите…Никогаш никого не сум напаѓал, а од друга страна мене стално ме напаѓаат. Тоа не е в ред, не е фер“, ја пренесува изјавата на лутиот Червар, по синоќешниот натпревар, порталот „index.hr“.
Поранешниот тренер на Металург и селектор на Македонија со нетрпение ја чекал клупската прес-конференција.
„Кога ќе го слушнам одговорот од клубот тогаш ќе одговорам. Пред тоа не. И доколку не ја кажам вистината, нема да биде добро. Бидејќи тогаш јас на одредени луѓе ќе им кажам некои работи, а тоа нема да им се допадне“, рекол Червар, која за прв тренер на ППД Загреб беше назначен пред пет месеци.