Top Sport

Јунајтед го сака Умтити уште во јануари

Манчестер јунајтед ќе се обиде во зимскиот преоден рок во тимот да го донесе францускиот дефанзивец на Барселона, Самуел Умтити, јавува британскиот „Дејли мирор“.

Жозе Мурињо подолго време го сака сонародникот на Умтити, Рафаел Варане од Реал Мадрид, но тој стана првотимец кај Зинедин Зидан и тешко дека Јунајтед е подготвен да даде многу пари. На Јунајтед му е потребно засилување во одбраната откако Виктор Линделоф не импресионираше, а Мурињо никогаш не го сакал во тимот Крис Смолинг. Умтити би бил совршен за задниот ред на Јунајтед покрај Ерик Баи.

23-годишниот Умтити дојде во Барселона од Лион во 2016 за 22 милиони фунти, но неговата откупна клаузула е дури 53 милиони фунти, а договорот му трае до 2021 година.

Scroll to Top