Еден од најбизарните моменти во дербито Манчестер јунајтед-Арсенал во средата секако беше дуелот на Маруан Фелаини со Матео Гендузи, кога Белгиецот го потегна за косата за потег кој сигурно заслужи картон.
Инцидентот се случи пред судијата Андре Маринер, но тој реши да додели само слободен удар и Французинот сега на шега вели дека Фелаини му љубомори за косата, откако Белгиецот неодамна се потстрижи .
Fellaini to Matteo Guendouzi’s ?
Come back here you foul, I need my hair back??? pic.twitter.com/g3IipnixsU— ?SOMETHING LITE?? (@ollygodspower) December 5, 2018
„Мислам дека е љубоморен. Не може да го прифати фактот дека реши да ја скрати косата и сега сака да има коса како мојата“, вели Гендузи на шега.
Поранешниот дефанзивец на Лестер, Роберт Хут пак, се јави откако имаше сличен дуел, потегнувајќи го Фелаини за коса во меч од Премиер лигата во 2016 година, кога доби суспензија од три меча.
„Изгледа дека го научив многу добро“, напиша Хут на Твитер.
Looks like i taught him well..#playon pic.twitter.com/JxbIitFLXw
— robert huth (@robert_huth) December 6, 2018