Top Sport

МЗТ без мака до победа над Сутјеска во АБА2 лигата за да биде чекор поблиску до плеј-офот

МЗТ Скопје Аеродром стигна до својата седма победа во АБА 2 лигата, откако дома со 94:73 го совлада тимот на Сутјеска и изби на второто место на табелата, со три поени помалку од засега недостижниот тим на Приморска.

Со оваа победа, главната цел, плеј-офот за враќање во АБА лигата, останува достижен за „металците“. По првите 30 минути игра, МЗТ имаше предност од 10 поени, за на крајот лесно да го контролираат финишот на мечот за победа од 21 поен разлика.

Андрија Бојиќ беше најефикасен на теренот со 26 поени, Хрватот Иве Иванов додаде 21 поен, а Лестер Медфорд имаше 16 поени.

Фото: МЗТ Скопје/АБА Лига

Scroll to Top