Вечерва во Торино се игра „Дерби д’Италија“, големата пресметка меѓу Јувентус и Интер, и тоа беше доволна причина за бразилската легенда Роналдо да се потсети на „срамотното“ недоделување пенал против Јуве во 1998 година.
Пред 20 години, двата клуба беа вклучени во борба за скудетото, но мечот имаше друг главен актер – судијата Пјеро Чекарини, кој не додели пенал кога Роналдо падна по стартот на Марк Јулијано.
„Бјанконерите“ веднаш по инцидентот поводеа со 1:0 благодарение на голот на Алесандро дел Пјеро, а потоа утнаа пенал, но ги освоија трите поени. Јуве стана шампион во Серија А, и навивачите на „бенеамата“ уште жалат за тој спорен момент. Роналдо зборуваше за ривалството во интервју за „Газета дело спорт“.
„Споредбите со Кристијано Роналдо секогаш ме смеат. Зошто? Бидејќи нема смисла, ние сме различни фудбалери, а покрај сѐ има разлика од 9 години меѓу нас. Игравме во различни ери на фудбалот, кој се менува многу бргу. Не сакам да кажам дека моето време беше потешко, но имавме различни ситуации. Јуве-Интер беше еден од тие мечеви каде што се добиваше многу повеќ од поени. Во 1998 година одевме на скудетото и сакавме да ја покажеме нашата зрелост и храброст. Поминаа 20 години, цел живот, но останува фактот дека тоа што се случи беше срамота. Го кажав тоа и тогаш, но тоа беше една поинаква ера на италијанскиот фудбал“, вели Роналдо.