Како што се очекуваше, боксерската федерација ВБЦ објави дека ќе гледаме реванш меч за светската титула меѓу Дионте Вајлдер и Тајсон Фјури откако претходниот нивни судир заврши нерешено.
Одлуката на ВБЦ била едногласна.
„ВБЦ одржа гласање на седницата кое резултираше со едногласна одлука за реванш меѓу Дионте Вајлдер и Тајсон Фјури. Тие на боксот му ја дадоа една од најдобрите борби во тешка категорија, што придонесе голем број навивачи да бараат реванш. ВБЦ е среќна што ќе има реванш“ – велат од Федерацијата.
Времето и местото на одржување сеуште не е потврдено, но се претпоставува дека борбата повторно ќе се одржи во Лас Вегас.
Британскиот боксер Фјури неодамна изјавил дека сака реваншот против Вајлдер да го има на легендарниот фудбалски стадион „Олд Трафорд“.