Top Sport

Барселона ја краде шаховницата на Хрватска, дизајнерот најавува тужби (фото)

Фотографии од дресот на фудбалскиот клуб Барселона што треба да е актуелен во новата сезона протекоа вчера на интернет, по што се појави бура од незадоволство во Хрватска. Боите на клубот се наредени како шаховница, дизајнот по кој е позната хрватската репрезентација.

Дизајнерот на шаховницита, Борис Љубичиќ во изјава за домашните медиуми вели дека не е фер одлуката за новиот дрес на Каталонците и очекува реакција од Фудбалскиот сојуз во Хрватска (ХНС).

„Тоа не е коректно. Нашиот дрес и тој концепт би требале да се под заштита, никој да не смее да направи такво нешто. Сите знаат дека тоа е заштитен знак на „Ватрените“, тоа го видоа и на СП. Сите ги насочуваат очите во нас и сакат нешто да земат, копират. Треба да се предупреди Барселона, а ако го одбијат, треба да се оди на суд. ХНС мора да го заштити како бренд“ – изјавил Љубичиќ.

Scroll to Top