Top Sport

Осум гола на „Ипуруа“, реми на Еибар и Леванте (Видео)

Исклучително ефикасниот натпревар на „Ипуруа“, помеѓу Еибар и Леванте (4:4), ја отвори неделната програма во 15.коло, во Примера. Македонскиот репрезентативец Енис Барди го одигра целиот натпревар, а по неговата брилијантна асистенција падна првиот од четирите гола што ги постигнаа играчите на Леванте на овој натпревар.

Најдобриот или еден од најдобрите натпревари во Примера одиграа, од почетокот на сезоната, одиграа Еибар и Леванте. Домаќинот имаше предност, гостите до полувремето направија пресврт, потоа Еибар во фуриозни осум минути, во вториот дел, постигнаа три гола за предност 4:2, а Леванте спасија бод во последните 15 минути.

Серијата на голови ја отвори Енрих во осмата минута, а веќе во наредниот напад Моралес израмни по брилијантната асистенција на Барди. Пресвртот го комплетираше Суарез во 25.минута.

Еибар во второто полувреме постигна три гола во периодот од 57. до 65.минута, преку Ескаланте и Чарлс, кој два пати го совлада противничкиот голман.

До крајот Тоњо со малку среќа намали на 4:3 во 75.минута, а во 92. поранешниот играч на Реал, Борха Мајорал го постави конечниот резултат.

Леванте се шести на табелата со 22 бода, а Еибар има три бода помалку и се наоѓаат на 13.позиција на табелата.

Scroll to Top