Top Sport

Далиќ одбил уште една понуда од Кина

Селекторот на фудбалската репрезентација на Хрватска, Златко Далиќ, открил дека одбил уште една понуда од Кина, финансиски многу подобра од онаа што на негова адреса пристигна по завршувањето на Светското првенство во Русија.

„Изминатите денови стигна уште една понуда, побогата од онаа од Кина за која веќе се пишуваше. Константно ме бараат и сега за прашувам дали треба така да се однесувам кон семејството, да ги одбивам сите тие договори што ми ги нудат, бидејќи фудбалот е минлив, денес си тука, утре веќе не. Којзнае дали во иднина ќе имам вакви понуди?“ рекол Далиќ и појаснил зошто ја одбил последната понуда.

„Си реков:’Ќе има подобри понуди. Имам договор до Сојузот’. Да ви кажам во овој чувството ме држи тука, кога ќе почувствувам дека повеќе тоа не е тоа, ќе заминам“, рекол Далиќ за „Спортске новости“.

За потсетување, неименуван кинески клуб по завршувањето на Светското првенство му понудил на СДалиќ три годишен договор „тежок“ 24 милиони евра.

Scroll to Top