Борусија од Дортмунд без шестмина стандардни играчи се упати кон Монако, каде утре против монако ќе го одиграат последниот меч во А-групата, во Лигата на шампионите.
Тимот од Дортмунд се наоѓа на лидерската позиција во Бундеслигата, а во минатото коло обезбеди пласман во осмина-финалето во Лигата на шампионите.
Наводно дуелот со Монако, поради повреди, ќе го пропуштат Марко Ројс, Томас Дилејни, Лукас Пишчек и Јакуб Брун, додека одмор од тренерот ќе добијат Аксел Витсел и Џејдон Санчо.
И без овие играчи Борусија ќе се обиде да го победи Монако, последно пласираниот тим во А-групата.
На табелата во оваа група води Атлетико Мадрид со 12 бода, два повеќе од Борусија, Бриж има пет, а Монако само еден бод.