Top Sport

Гумени змии за Марко Силва

Евертон и Вотфорд, вечерва ќе го комплетираат 16.коло во Премиер лигата. Навивачите на Вотфорд на поранешниот тренер, кој сега го предводи Евертон, му подготвуваат „посебен подарок“.

Минатата сезона Вотфорд одлично играше во првите два месеци од сезоната, под водство на Силва. Нападот го предводеше Ришарлисон кој од оваа сезона игра во Евертон.

Некаде во јануари 2018 година Вотфорд му врачи отказ на Марко Силва, не поради лошите резултати туку поради тоа шт тренерот преговарал со Евертон без знаење на клубот.

Желбата португалскиот тренер си ја исполни по завршувањето на сезоната кога ја официјализираше соработката со Евертон.

Навивачите на Вотфорд не заборавиле дека Марко Силва работел спротивно на клупските интереси. Порад тоа тие на стадионот на Евертон, „Гудисон парк“ ќе донесат гумени змии за да му покажат што мислат за неговиот однос кон овој клуб.

Scroll to Top