Јирген Клоп, менаџерот на минатогодишните финалисти од Лигата на шампионите, Ливерпул, вели дека е време да се исправат грешките во нивната нова сезона пред дуелот со Наполи, кој може да значи елиминација во групната фаза.
Трите порази на гости на „црвените“ значат дека тие мораат да го победат Наполи со 1:0 или со два гола разлика на „Енфилд“ во вторник за да одат понатаму. Ливерпул загуби од Наполи на гости во меч во кој доминираше, а загубија и од Црвена звезда и од Пари Сен-Жермен на гости.
„Знаевме по мечот со Наполи дека не сме доволно добри. Во Белград не беше подобро. Во Париз имавме подобар меч, бидејќи ПСЖ се силен тим на нивниот стадион. Им дадовме добар меч и загубивме. Им кажав на момците дека ако не се случи ништо со судиските одлуки, утре ќе го добиеме тоа што го заслужуваме. Имаме шанса и мораме да ги поправиме грешка. Кога имате шанса не смеете да ја пропуштите“, вели Клоп.
Ливерпул по викендов се на првото место во Премиер лигата, откако Манчестер сити загуби на гостувањето кај Челси, но Клоп вели дека предноста од еден поен во овој дел од сезоната не значи ништо.
„Нема да се смениме. Уште е декември, не е ниту Божиќ, а сезоната завршува во мај. Не се занесуваме, бидејќи знаеме колку е тешко“, додава Клоп.
Фото: ЕПА