Top Sport

Канаваро повторно тренер на Гуангжу

Фабио Канаваро е новиот тренер на седумкратниот шампион од кинеската Суперлига, Гуангжу Евергранде, објави клубот.

Италијанецот го менува Луиз Фелипе Сколари, кој замина по комплетирање на договорот предводејќи ги Евергранде до три титули од ЦСЛ и трофејот од Азиската ЛШ во 2015 година. Канаваро претходно на крајот на 2014 го замени сонародникот Марчело Липи, за да биде отпуштен следната година и заменет со Сколари.

44-годишниот Канаваро, кој освои светска титула со Италија, оттогаш си ја унапреди кариерата, водејќи го Ал-Наср во Саудиска Арабија, пред да се врати во Кина да работи со Тијанџин Кванџијан до титулата во втората лига. Оваа сезона, Канаваро и Тијанџин стигнаа до третото место во ЦСЛ, со што првпат во историјата на клубот влегоа во Азиската ЛШ.

Scroll to Top