Роџер Федерер не успеа по осми пат да биде прогласен за најдобар швајцарски спортист по уште една одлична сезона, откако 20-кратниот гренд слем шампион ја загуби „трката“ на седум спортисти од крос-кантри велосипедистот Нино Шуртер.
32-годишниот Шуртер пак, по 10. пат беше номиниран, а стигна до првата награда откако оваа година победи во Светскиот куп и освои злато на Светското првенство во крос-кантри велосипедизам.
„Ова беше многу тешка победа, но најтешките се секогаш е најубави. Ова е голема чест за мене. Роџер Федерер го знаат насекаде и да се победи таков човек е нешто неверојатно“, изјави Шуртер.
Тој доби третина од гласовите, додека 37-годишниот Федерер, кој се подготвува за новата тениска сезона во јануари беше втор на гласањето.