Еден од најдобрите играчи на Манчестер Сити, Давид Силва поради повреда на мускулот на левата нога ќе паузира до крајот на годината, потврди менаџерот на „Граѓаните“, Пеп Гвардиола.
Искусниот играч кој оваа сезона е одличен со 8 погодоци и 4 асистенции се повреди минатиот викенд на дербито во Лондон против Челси.
Силва се очекува да го пропушти дуелот против Хофенхајм во Лигата на шампиони, како и премиерлигашките дуели против Евртон, Лестер, Кристал Палас и Саутемптон.
Од Сити се надеваат дека искусниот Шпанец ќе биде подготвен за големото дерби против Ливерпул на 3 јануари идната година.