Top Sport

Азар: Зидан секогаш беше мојот идол

Еден Азар вели дека би било „сон“ да се игра под тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан по шпекулациите дека е незадоволен во Челси.

Играчот од средниот ред на Челси, беше еден од клучниот човек на патот до титулата на „Сините“, но во последно време тој е поврзуван со трансфер во Реал Мадрид. Зборувајќи за белгиската телевизија „РТЛ“, Азар беше храбар.

„Сите знаат колку го почитувам Зидан како играч, но и како менаџер. Тој беше мој идол. Не знам што ќе се случи во мојата кариера во иднина. Но, да се игра под Зидан би било остварување на сонот“, вели 26-годишниот Азар.

Embed from Getty Images

Ситуацијата во Челси и покрај минатогодишната титула не е блескава. Менаџџерот Антонио Конте во текот на летниот преоден рок јавно зборуваше дека не е задоволен од засилувањата, а оваа недела си замина техничкиот директор на тимот, Мајкл Еменало, човекот кој беше одговорен за носење на многу ѕвезди во Челси последните 10 години. Во моментов Челси се на 9 поени заостанување од лидерите Манчестер сити.

Се верува дека Азар би си заминал од Челси во текот на летото доколку не се смени политиката на носење засилувања.

Scroll to Top