Top Sport

Пеколна грчка ноќ за Милан! Олимпијакос го исфрли од Лига Европа! (видео)

Петкратниот европски шампион Милан доживеа нова фудбалска бламажа, откако загуби со 3:1 од Олимпијакос во Грција и така беше елиминиран од Лига Европа, иако освои ист број на поени како грчкиот ривал.

На Олимпијакос му беше потребна победа од два гола разлика за да ги помине „росонерите“, и тие го остварија токму тоа против тимот на Џенаро Гатузо, и сега сигурно ќе се зголеми притисокот на популарниот Рино.

Папе Абу Сисе им донесе водство на Олимпијакос по еден час игра, а потоа на сцена стапи Кристијан Запата – прво си постигна автогол (резултат со кој грчкиот тим одеше понатаму), а потоа само две минути подоцна во 72. минута намали на 2:1 (резултат кој му одговараше на Милан). „Фортуната“ му сврте грб на Милан и Константинос Фортунис од контроверзен пенал во 81. минута го елиминираше италијанскиот гигант.

Фото: ЕПА

ЛИГА ЕВРОПА, 6.КОЛО

ГРУПА А

АЕК Ларнака – Баер Леверкузен 1:5

Лудогорец – Цирих 1:1

Табела: 1.Баер Л. 13, 2.Цирих 10, 3.АЕК Л. 5, 4.Лудогорец 4

ГРУПА Б

Селтик – Салцбург 1:2

РБ Лајпциг – Розенборг 1:1

Табела: 1.Салцбург 18, 2.Селтик 9, 3.Лајпциг 7, 4.Розенборг 1

ГРУПА Ц

Копенхаген – Бордо 0:1

Славија Прага – Зенит Санкт Петербург 2:0

Табела: 1.Зенит 11, 2.Славија П. 10, 3.Бордо 7, 4.Копенхаген 5

ГРУПА Д

Динамо Загреб – Андерлехт 0:0

Спартак Трнава – Фенербахче 1:0

Табела: 1.Динамо З. 14, 2.Фенербахче 8, 3.Трнава 7, 4.Андерлехт 3

ГРУПА Е

Арсенал – Карабаг 1:0

Спортинг – Ворксла 3:0

Табела: 1.Арсенал 16, 2.Спортинг 13, 3.Ворксла 3, 4.Карабаг 3

ГРУПА Ф

Дуделанж – Реал Бетис 0:0

Олимпијакос – Милан 3:1

Табела: 1.Бетис 12, 2.Олимпијакос 10, 3.Милан 10, 4.Дуделанж 1

Scroll to Top