Еден од најдобрите европски кошаркари во историјата, Дирк Новицки (40), изминатата ноќ, постави рекорд во НБА лигата кој веројатно никогаш нема да биде соборен.
Новицки, поради операцијата на глуждот на левата нога, конечно го одигра својот прв меч за Далас Маверикс во новата сезона. Тој постигнал два поени во поразот на Далас од Феникс Санс 99:89.
Германецот ја започна 21.сезона во НБА лигата и на вечната листа го мина Коби Брајант. Новицки во Далас и Брајант во ЛА Лејкерс се единствените играчи во историјата кои најмалку 20 години играле за еден клуб. По натпреварот во феникс, Дирк е единствениот кој за еден клуб играл 21 година.
Congrats to @swish41 on playing in his 21st season for the @dallasmavs ! #ThisIsWhyWePlay pic.twitter.com/c0bVh4I9w7
— NBA (@NBA) December 14, 2018
„Ритамот ќе биде тежок. Последниот меч го одиграв кон крајот на март. Никој не може да паузира седум-осум месеци, потоа да се врати на теренот и веднаш да игра добро. Ќе ми биде потребно малку време, да се навикнам на играта. Повеќе не играм по 30 минути, играта е многу побрза, ќе видиме како ќе изгледа сето тоа“, рекол Новицки.
Новицки во кариерата има постигнато 31.189 поени и се наоѓа на седмото место на вечната листа. Од активните кошаркари пред него е само Леброн Џејмс.