Top Sport

Крег Гордон го „копираше“ Лорис Кариус (Видео)

Голманот на Селтик, Крег Гордон, буквално го повтори потегот на Лорис Каирус од финалето во Лигата на шампионите помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид. Сите во Глазгов, од играчите, преку навивачите и тренерот Брендон Роџерс, го споредија Гордон со сегашниот голман на Бешикташ, Кариус.

Германскиот голман, кој минатата сезона бранеше во Ливерпул, во финалето, ја спушти топката на ногата на Карим Бензема кој потоа лесно погоди за предност на Реал. Синоќа истата работа ја направи искусниот Гордон, кој му подари гол на напаѓачот на Салцбург, Гулдбрадсен.

Тој гол им овозможи на фудбалерите на Салцбург во 78.минута да стигнат до предност од 2:0.

foto: epa
foto: epa

Мечот заврши со победа на Австријците 1:2, а Селтик сепак не ја платија скапо грешката на Гордон, бидејќи голот што го постигнаа фудбалерите на Розенборг во Лајпциг за 1:1 во 86.минута, им беше доволен да се пласираат во нокаут фазата.

Гордон по мечот си дозволил да се шегува на своја сметка.

„Ова веќе еднаш сум го видел. Невообичаено е кога ќе видите ваков гол. Се изнервирав за тоа што ми се случи, но понекогаш вакви работи се случуваат. Благодарен сум што грешката не ја плативме скапо“, рекол Гордон.

Scroll to Top