Набил Фекир предизвикува внимание со своите игри за францускиот Лион, но и поради тоа што успеа да ги налути фановите на Сент Етјен, а сè добро го следат и во Каталонија, ако се верува на „Марка“.
24-годишниот Фекир предизвика бунт при 5:0 победата над Сент Етјен, откако го соблече дресот и го покажа пред ривалските фанови слично како што Лионел Меси направи минатат сезона.
Франција е омилена „дестинација“ за нови таленти на Барселона во последно време, бидејќи во тимот веќе се Лукас Дињ, Усман Дембеле и Самуел Умтити. Фекир, кој е роден во Лион, доби шанса да игра во француската репрезентација во март 2015 година, отфрлајќи ја понудата да настапува за Алжир, од каде потекнуваат неговите родители.
Според „Марка“, техничкиот секретар на Барселона, Роберт Фернандес лично присуствувал на 3:0 победата над Евертон во Лигата на Европа, но не успеал да го убеди сопственикот на Лион, Жан-Мишел Ола да го „даде“ Фекир за „пристојна“ цена. Ола уште е лут на сопствената одлука да го продаде Умтити на Барселона во 2016 година за „само“ 25 милиони евра.
Сепак, во Барселона токму Фекир се гледа како добра алтернатива за Филип Кутињо, за кого Ливерпул упорно одбиваат да преговараат.