Полската Екстракласа ги продале телевизиските права во наредните две сезони за сума од 116 милиони евра. Со новиот договор се опфатени сезоните 2019/2020 и 2020/2021, Екстракласа ќе се искачи на осмото место според приходите.
Од „помалите“ национални првенства, пред Полска, се само Премиер лигата на Русија (701 милиони евра) и Суперлигата на Турција (734 милиони евра). Недопирливи на оваа листа се националните шампионати на Франција, Италија, Германија, Шпанија и Англија. Заедничките приходи на овие пет национални првенства изнесуваат околу 15 милијарди евра.
Телевизиските права за Екстракласа ги откупиле „ТВП“ и „Канал+“, а натпреварите ќе бидат пренесувани во најмодерниот формат, каков што се користи за преносите на натпреварите во Англија, Германија и Шпанија.
Новиот договор ќе ги зголеми и приходите на полските прволигаши. Според анализите нивните приходи ќе пораснат за 60 отсто. распределбата на парите ќе се врши според пласманот на табелата, а минималната заработувачка треба да изнесува 16 милиони евра.