Црни денови за Милан! По смешната елиминација во Лига Европа и најавата за строга казна од УЕФА и исфрлање од европските натпреварувања следната сезона, италијанските медиуми јавуваат дека претседателот на Милан, Паоло Скарони останал без актовката со 10.000 евра!
Според „Кориере дела сера“, Скарони бил на состанок кога крадецот успеал да ја отвори задната врата во неговиот автомобил, ја грабнал актовката и избегал. Возачот на автомобилот се обидел да го фати крадецот, меѓутоа една жена, најверојатно соучесник, го попречила возилото и потоа и самата избегала.
Двајцата најверојатно се качиле во автобус во квартот Ларго Аугусто, во близината на катедралата Дуомо, пред актовката да биде пронајдена со документите, но без парите.