Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола пред една година мораше да го избегнува прашањето на англиските новинари зошто не носи „божиќен џемпер“ како другите членови на клубот, и сега една година подоцна, 47-годишниот Каталонец ја прифати англиската традиција.
Ако тогаш велеше дека клубот „нема број за него“, сега, тој на прес-конференцијата се појави со сино-бел џемпер со снежен мотив. По ова тој додаде дека добил предвремени новогодишни подароци – Кевин де Бројне и Серхио Агуеро се враќаат во составот пред саботниот меч со Евертон.
#PepTalk: Could we see a certain @aguerosergiokun against Everton..? ? #mancity @marathonbet pic.twitter.com/kp0IjCs4pH
— Manchester City (@ManCity) December 14, 2018
„Серхио ги помина последните два тренинзи со клубот и немаше болки, така што ќе видиме дали ќе стартува. Истото е и со Кевин“, вели Гвардиола.
Покрај Гвардиола, повеќе клубови од Премиер лигата го „прославија“ неофицијалниот „ден на божиќни џемпери“ – 14 декември.
Ѕвездите на Вест хем, Хавиер Ернандез, Лукас Перез и Педро Обијанг се пофалија со своите џемпери, како и Давид Луиз од Челси, а од Арсенал тука беа Месут Озил, Гранит Џака и Лорен Косиелни.