Марио Балотели додека играше за Манчестер сити беше познат како човекот кој велеше „зошто секогаш јас“, но и по тоа што за малку ќе си ја запалеше куќата играјќи се со пиротехника. Со годините, паметот не доаѓа кај Италијанецот.
Фудбалерот на Ница, кој беше под критики на тренерот Патрик Виера и на италијанскиот селектор Роберто Манчини поради наводниот вишок килограми и слабата физичка подготвеност, останува во „форма“ кога се работи за шегите, а тоа последен го „почувствува“ неговиот соиграч, Тунижанецот Басем Срарфи.
Балотели прво со вистински ММА зафат го собори на клупите во соблекувалната на клубот, по што го намачка со сина боја. Срарфи не го прифати тоа најдобро.
Mario Balotelli still pranking his way through life: latest victim is OGC Nice winger Bassem Srarfi. pic.twitter.com/wIzLvgqkXm
— Get French Football News (@GFFN) December 15, 2018