Покрај големите надежи дека Хонда ќе изгради моќен мотор за Ред бул, Макс Ферстапен вели дека во тимот очекуваат многу и од нивната шасија, бидејќи дизајнерскиот експерт Адријан Њуи е вклучен во креирањето на новиот РБ15 болид.
Њуи, кој освојуваше титули со Вилијамс, Мекларен и Ред бул како дизајнер, работеше и на претходната РБ14 шасија, која беше една од најдобрите во Ф1 и донесе четири победи за Ред бул, кои сепак не го искористија потенцијалот поради потпросечниот мотор на Рено.
„Секако дека ќе изградиме добар болид, но многу ќе зависи од моторот на Хонда. Сакам да останеме реални и да видиме што ќе можеме да направиме следната година. Но, секако, ме охрабрува тоа што Адријан ќе работи со болидот“, вели Ферстапен за холандскиот „Моторспорт-Тотал“.