Top Sport

На Интер му требаше убав гол од пенал за да го победи Удинезе (видео)

Интер остана „зашеметен“ од излетувањето од Лигата на шампионите, но успеа да го победи Удинезе со 1:0 благодарение на гол од пенал за да ја прекине низата од три меча без победа во сите натпреварувања.

Интер доминираше во играта на „Сан Сиро“ против гостите, но остана исфрустриран пред голот сѐ до 75. минута, кога по играње со рака во шестнаесетникот на Удинезе, и по прегледување на ВАР-снимките, капитенот Мауро Икарди постигна убав трик-гол од пенал за трите поени.

Со триумфот, тимот на Лучано Спалети останува на третото место во Серија А со 32 поени, три помалку од Наполи и дури 11 помалку од Јувентус, кој вечерва го игра дербито на Торино.

Фото: ЕПА

Scroll to Top