Top Sport

Модриќ и Куртоа му се „навртеа“ на Диего Симеоне

Фудбалерите на Реал Мадрид не се импресионирани од однесувањето на тренерот на градскиот ривал Атлетико, Диего Симеоне, откако Лука Модриќ и Тибо Куртоа влегоа со остри изјави против Аргентинецот, кој според нив зборува само за Реал.

„Симеоне има постојана потреба да го поткопува Реал Мадрид. Секоја шанса која ја има ја користи да објасни зошто успехот на Реал не е важен. Имам голема почит кон него и кон фудбалерите на големиот клуб како Атлетико. Кога ќе победат, ние им честитаме, но не е фер нашите успеси да бидат намалувани на таков начин“, изјави Модриќ.

Посебно погоден се најде белгискиот голман Тибо Куртоа, кој изјави дека Симеоне го критикува Реал за да биде популарен кај навивачите на „јорганџиите“. Симеоне неодамна изјави дека „Куртоа замина од Мадрид како најдобар на светот, и кога беше кај нас секогаш го победуваше Кејлор Навас“. Куртоа играше во Атлетико пред да замине за Челси, пред оваа сезона да биде најавуван како големо засилување за Реал.

„Симеоне го критикува Реал само за навивачите на Атлетико. Секогаш го прави тоа, го напаѓа Реал бидејќи е најдобар на светот“, изјави Навас по победата на Реал над Рајо Валјекано во саботата.

Фото: ЕПА

Scroll to Top