Top Sport

Мурињо: Па, Ливерпул имаат многу среќа оваа сезона

Жозе Мурињо ги нарече Ливерпул „среќните“ пред денешната голема пресметка на „Енфилд“ со неговиот Манчестер јунајтед.

Тимот на Јирген Клоп со победа ќе се врати на првото место во Премиер лигата пред Манчестер сити, и остануваат единствениот непоразен тим во Англија оваа сезона. Од друга страна, Јунајтед се на шестото место со 16 поени зад Ливерпул и Мурињо смета дека ривалите имале малку повеќе среќа во последно време.

Тој го посочи дербито со Евертон, во кое Дивок Ориџи постигна гол по бизарната грешка на голманот Џордан Пикфорд во последните моменти од мечот, како и првиот гол ма Мохамед Салах против Бурнемаут, кој беше постигнат од офсајд.

„Ливерпул се полни со самодоверба, на врвот на лигата се и го имаат тоа чувство, кое го познавам многу добро, чувството на ’среќните’, кога сѐ ти оди како порачано. Знаат како го победија Ливерпул, знаат дека голот со Бурнемаут беше офсајд и знаеја дека против Наполи можеа да бидат исфрлени од Лигата на шампионите во последен момент. Го имаат истото чувство кое моите тимови го имаа кога беа први, кога сѐ е во твоја корист“, вели Мурињо.

Јунајтед ја прекинаа лошата низа од четири меча во ПЛ без победа со 4:1 победа над Фулам минатиот викенд, но потоа загубија со 2:1 на гостувањето кај Валенсија. Но, Мурињо знае дека Јирген Клоп нема да го потцени Јунајтед, бидејќи тоа е дуел кој уште не го добил во Премиер лигата.

„Да, тие се многу, многу силни, но не се глупави. Знаат дека со нас ќе имаат тежок меч. И ние имаме наши слабости, наши силни страни и го почитуваат тоа. Знаат дека им е потребен секој поен ако сакаат да се шампиони и знам дека се професионалци, што значи го почитуваат Манчестер јунајтед“, објаснува Португалецот.

Фото: ЕПА

Scroll to Top