Легендата на холандскиот фудбал и поранешен менаџерна Челси, Руд Гулит вели дека е речиси невозможно да се зборува за расизмот како црн човек, бидејќи веднаш те обвинуваат дека „глумиш жртва“.
Расизмот меѓу фудбалските навивачи повторно дојде во преден план во Англија откако Рахим Стерлинг беше навредуван од еден навивач на Челси при 2:0 победата над Манчестер сити. Англискиот репрезентативец јавно проговори за односот кој го добива и ги обвини медиумите дека „долеваат гориво“ на расизмот.
Гулит, кој кариерата ја заврши во Челси и беше менаџер на клубот од 1996 до 1998 година вели дека е тешко да се зборува.
„Најголемиот проблем е што никој не зборува. Кога ќе отвориш уста веднаш велат дека сакаш да глумиш жртва. Речиси е невозможно црн човек да каже нешто против расизмот бидејќи ќе кажат: ’Ете го повторно, само се жали’. Јас зборувам од привилегирана позиција и не можам да бидам во улога на тие кои навистина се жртви, но се надевам дека работите ќе се променат бидејќи расизмот уште е тука“, вели Гулит.
Фото: ЕПА