Top Sport

Кин и Невил согласни: Зошто Јунајтед му дозволи на Лингард да има моден бренд?

Поранешните капитени на Манчестер јунајтед, Гери Невил и Рој Кин влегоа во напад на Џеси Лингард, откако фудбалерот реши да ја промовира својата нов моден бренд толку блиску до натпреварот со Ливерпул.

Напаѓачот на Манчестер јунајтед, во моменти кога клубот е на шесто место и пред важното дерби со Ливерпул, реши дека неговиот бренд е поважен и налути дел од навивачите, а очигледно и на легендите на клубот.

„Мене ми се допаѓа Џеси Лингард и немам проблеми со него. Немам проблем со тоа тој да има своја модна линија да бидам искрен. Меѓутоа, пред најголемиот меч од сезоната, пред Ливерпул не го правиш тоа. Ќе почекаш за вистинско време. Нека има друга кариера, но сега треба да се концентрира на Ливерпул“, вели Невил.

Рој Кин се согласува.

„Да имаше силна соблекувална во Манчестер јунајтед, ова немаше да го толерираат. Затоа се грижам за клубот. Немаше да го толерираме ова за млад фудбалер, кој уште учи. Тој можеби е најдоброто момче на светот, не го познавам, но ова не се прави“, вели Кин.

Scroll to Top