Top Sport

Холанѓанките со бронзениот медал од Европското првенство (видео)

Холандија го освои бронзениот медал на Европското првенство во ракомет во Франција, откако во мечот за трето место со 24:20 (15:8) беа подобри од Романија, пред големото финале меѓу Франција и Русија (17.30 часот).

Холанѓанките влегоа помотивирани во мечот и направија предност од фантастични седум поени на полувреме, предност која потоа беше недостижна за Романките, кои играа без својата најдобра ракометарка Кристина Неагу, која ја очекува подолга пауза поради повреда.

Естевана Полман повторно беше најефикасна за Холандија со седум гола, а Нике Грот уфрли пет, додека за Романките Валентина Ардеан-Елисеи постигна шест гола.

Фото: ЕПА

Scroll to Top